НАГРАДИ

слободна (црно-бела)

цел екран
ФОТОГРАФИИ
557 стигнати фотографии
168 примени фотографии · 30%
УЧЕСНИЦИ
129 пристигнати учесници
83 примени учесници · 64%
НПУМ Златен медал Доријан Миловановик (Македонија) · Two Worlds
НПУМ Сребрен медал Александар Томовски (Македонија) · My pointe of view #4
НПУМ Бронзен медал Тоши Трајчев (Македонија) · Во светот на мажите
НПУМ Диплома Мартина Салова Чешновар (Македонија) · Thinking Of You
НПУМ Диплома Филип Лафазановски (Македонија) · Недела
НПУМ Диплома Никица Божиновиќ (Македонија) · Sea 3
НПУМ Диплома Сандра Трајковска (Македонија) · Fusion
НПУМ Диплома Анита Палческа (Македонија) · Following Shadows
НПУМ Диплома Алисија Колевска (Македонија) · Midway
  • НПУМ Златен медал
  • НПУМ Сребрен медал
  • НПУМ Бронзен медал
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома
НАГРАДИ

слободна (колор)

цел екран
ФОТОГРАФИИ
637 стигнати фотографии
226 примени фотографии · 35%
УЧЕСНИЦИ
137 пристигнати учесници
114 примени учесници · 83%
НПУМ Златен медал Диме Данов (Македонија) · Пејсаж, со девојка во преден план
НПУМ Сребрен медал Маја Аргакијева (Македонија) · Blue
НПУМ Бронзен медал Благојче Костовски (Македонија) · bali seno
НПУМ Диплома Стефан Тодоровски (Македонија) · Aesthetics
НПУМ Диплома Александар Георгиев (Македонија) · Smoker
НПУМ Диплома Катерина Мавровска (Македонија) · Before the rain
НПУМ Диплома Ивана Јовановска Кузмановска (Македонија) · WOMAN
НПУМ Диплома Сања Ѓорѓевска (Македонија) · Sanja
НПУМ Диплома Виктор Поповски (Македонија) · Сафари Кениа
  • НПУМ Златен медал
  • НПУМ Сребрен медал
  • НПУМ Бронзен медал
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома
  • НПУМ Диплома

ПРАВИЛА

ОРГАНИЗАТОР
Куп на Македонска фотографија е национален конкурс на уметничка фотографија, организиран од страна на Национална фото унија на Македонија.
СЕКЦИИ
Конкурсот е дигитален и е поделен на следните секции:
слободна (црно-бела)
слободна (колор)
КАЛЕНДАР
Последен ден за прием: 8 Септември 2020
Ден на жирирање: 14 Септември 2020
Ден на известување: 21 Септември 2020
Последен ден за доставување на каталог: 1 Ноември 2020
ПЛАЌАЊЕ
Учеството на изложбата е бесплатно. Не е потребен никаков финансиски надомест.
УЧЕСТВО
Овој конкурс е отворен за сите граѓани на Македонија; но, пријавата може да биде одбиена кога организацијата покровител или нејзините претставници, според нивната разумна одлука, веруваат дека пријавата не соодветствува со условите и правилата на конкурсот.
Пријавите треба да бидат фотографии креирани од страна на учесникот преку фотографска емулзија или добиени дигитално. Со самата пријава, учесникот потврдува дека фотографијата е негово дело. Учесникот дава дозвола на спонзорите да ги репродуцираат сите или дел од пријавените фотографии без никаква надокнада за публикации или/и претставувања во медиумите поврзани со изложбата. Ова вклучува објавување на фотографиите во ниска резолуција на веб страницата на конкурсот. Никаков назив или идентификација на авторот не може да биде видлив било каде на предниот дел на фотографија, печатената форма или монтажата.
ПРИЈАВА
Фотографиите треба да бидат во JPEG формат, со димензии 1920x1080 пиксели на 300, JPEG компресија (доколку се користи Adobe Photoshop за експортирање на фотографиите): 7-12, со максимална големина на датотеката од 4 мегабајти. Не е потребно именување на датотеките.
Фотографиите на учесниците можат да бидат прикачени на еден од овие начини:
- со директно прикачување на нашата веб страница
- преку е-маил: [email protected]

[Заштита на податоци] Со учеството во овој конкурс, вие експлицитно давате согласност дека личните податоци што ги имате оставено, вклучително и е-маил адресите, ќе бидат задржани, процесирани и користени од страна на организаторите за цели поврзани со овој конкурс. Со ова давате согласност и прифаќате дека учеството во овој конкурс значи и дека статусот и резултатите од вашето учество може да бидат објавени јавно.

[Услови на учество] Доколку организаторите на конкурсот донесат одлука пред, за време или по жирирањето дека учесникот има прикачено фотографии што не се придржуваат на овие Услови за учество, вклучувајќи ги и наведените дефиниции, натпреварот го задржува правото и дискрецијата да ја избришат пријавата и да избегнат било какво примање или наградување на фотографиите.
За да се осигурат дека фотографиите се во согласност со Условите за учество и со дефинициите, организаторите на изложбата можат да ги спроведат следните проверки:
a) сите фотографии се оригинално дело на учесникот и
b) фотографиите се во согласност со пропозициите и дефинициите како што се прецизирани во Условите за учество.
Ова може да вклучува барање до учесникот да достави оригинални фотографии, со зачувани EXIF податоци, до одредениот рок. Не соодветствуањето на бараните фотографии со оригиналните фотографии ќе се смета за кршење на Пропозициите за учество.
Учесниците автоматски се согласуваат со овие услови преку самиот акт на учество во Изложбата.
ИДЕНТИФИКАЦИЈА
За учество во овој конкурс учесникот треба да прикачи фотографии во колор или црно-бела техника. Максималниот број на фотографии по секција е 6. Никаков назив или идентификација на учесникот не треба да бидат впишани на предната страна на фотографијата.
Фотографиите треба да бидат испратени во дигитална форма, како датотеки со формат на слика со димензии 1920x1080 пиксели на 300 dpi. На организаторите на конкурсот им е забрането да ги менуваат димензиите на фотографиите испратени од страна на учесниците. Не е потребно никакво именување на датотеките. Максималната големина на датотеката изнесува 4 мегабајти.
ЖИРИ
Коста Дупчинов; (Македонија)
Душко Јовановски; КМ ФСЈ (Македонија)
Зоран Здравев; QPSA (Македонија)
НАГРАДИ
За најдобра и најкреативна фотографија Стручното жири ќе додели вкупно 18 награди, за секоја тема по 9 награди, и тоа:
- Златен медал и 5000 денари
- Сребрен медал и 3000 денари
- Бронзен медал и 2000 денари и
- Шест Дипломи
Организаторот го задржува правото да го зголеми бројот на наградите, во зависност од вкупниот број на учесници.
ДЕФИНИЦИИ
[ЦРНО-БЕЛА]
Една фотографија се смета за монохром само кога истата дава импресија на немање боја (т.е. содржи само тонови на сива, што може да вклучува чиста црна и бела боја), или ја дава импресијата на сиво-нијансирана фотографија која што е тонирана со една боја низ целата фотографија, како на пример сепија, црвена, златно-жолта и др. Сива или фотографија во боја, модифицирана или што го дава впечатокот дека е модифицарана со парцијално тонирање, мулти-тонирање или преку оделни делови, не ги исполнува условите за монохром фотографија и треба да биде сметана како колор фотографија.
Црно-бела фотографија што во себе вклучува многу темна сива боја (црна) па до многу светла сива боја (бела) е монохроматска фотографија со сите нијанси на сиво.
Црно-бела фотографија тонирана целосно во единствена боја ќе остане монохроматска фотографија со можност да влезе во црно-бела категорија. Од друга страна, црно-бела фотографија модифицирана со делумно тонирање или со додавање на една боја станува колор фотографија (полихром) и е вклучена во категоријата колор.
ИЗВЕСТУВАЊЕ И КАТАЛОГ
Резултатите ќе бидат испратени по е-пошта.
Сите учесници на конкурсот ќе добијат дигитален каталог од конкурсот за фотографии и сертификат за секоја примена фотографија.
КОНТАКТ
Стефан Илиевски
ул. Титова Митровачка бр.2 1300, Куманово, Северна Македонија
е-пошта: [email protected]
веб страна: https://npum.net/
КАЛЕНДАР
последен ден 8 сеп. 2020 г.
ден за жирирање 14 сеп. 2020 г.
ден за известување 21 сеп. 2020 г.
доставување на каталог 1 ное. 2020 г.
ПРЕГЛЕД
учесници 150
фотографии 1194
држави 1
плаќање бесплатен настан
НАГРАДИ
награди 18
БРОЈ НА ПАТРОНАТ
IAAP 2020/119
NATIONAL 2020/014
СЕКЦИИ
Слободна Црнобела 6 фотографии
Слободна Колор 6 фотографии
ЖИРИ
KD
North Macedonia
DJ
North Macedonia
ZZ
North Macedonia