规则

组织者
Проектот „За македонцката фотографија“ е организиран од страна на фото клуб Куманово, од Куманово, под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.
参与
Проектот „За македонцката фотографија“ е отворен за сите аматери и професионални фотографи од Република Македонија. Учесниците мораат да бидат автори на делата што ќе ги прикачат. Секој учесник може да прикачи максимално десет (10) фотографии. Делата подоцна ќе бидат искористени од страна на организаторот (фото клуб Куманово), во изработката на книгата „За македонцката фотографија“, без притоа да се исплаќа финансиска надокнада на авторите за нивното користење. Проектот е отворен за сите фотографи, со напомена дека организаторот, од здраво-разумски причини, може да одбие некое дело доколку истото не ги исполнува стандардите на уметничката фотографија.

Делата мора да потекнуваат како фотографии (слики добиени преку светлинска сензитивност) создадени од страна на учесникот преку фотографска емулзија или добиени дигитално. Преку самото прикачување на делата авторот потврдува дека делата се лично негови (не се дозволени псевдоними). Учесникот дава дозвола на организаторот да ги репродуцира сите или дел од доставените фотографии, без финансиска надокнада, за издавање и/или објавување во медиумите.

Секоја фотографија мора да има уникатен назив, да е без воден жиг или текст.
提交
Фотографиите се испраќаат во дигитална форма, како датотека со максимална димензија на едната страна (хоризонтална или вертикална) од 4000 пиксели на 300 dpi.
Фотографиите на учесниците се прикачуваат на следната интернет страница:
photoclubkumanovo.com/makedonckata/
识别
Учесниците во проектот „За македонцката фотографија“ фотографиите можат да ги достават во колор или црно-бела техника. Максималниот број на фотографии изнесува десет (10). Називот или идентификацијата на фотографот не треба да бидат испишани на фотографијата. Апликацијата и информациите за контактирање мора да бидат напишани на македонски јазик.
通知和目录
Секој учесник во проектот „За македонцката фотографија“ ќе добие ексклузивно печатено издание на книгата.
联系
Софија Величковска (претседател на фото клуб Куманово)
е-пошта: [email protected]
日历
最后一天 2018年9月8日
评审日 2018年9月17日
通知日 2018年9月24日
目录交付 2018年12月24日
概览
参与者 88
照片 795
国家 1
支付 免费活动
赞助人数
IAAP 2018/040
NATIONAL -
CLUB -
组别
Слободна 10 照片
评审团
VJ
North Macedonia