REGELS

ORGANISATOR
Жените и фотографијата е национален конкурс на уметничка фотографија, организиран од страна на Фото клуб Куманово.
SECTIES
Конкурсот е дигитален и е поделен на следните секции:
слободна (црно-бела / колор)
жена (црно-бела / колор)
KALENDER
Последен ден за прием на фотографии: 09 Февруари 2025
Ден за жирирање на пристигнати фотографии: 23 Февруари 2025
Ден за известување: 03 Maрт 2025
Последен ден за доставување на каталог: 8 Март 2025
Ден на објава на галерија: 8 Март 2025
BETALING
Учеството на изложбата е бесплатно. Не е потребен никаков финансиски надомест.
DEELNAME
Овој конкурс е отворен за сите женски автори во Македонија; но, пријавата може да биде одбиена кога организацијата покровител или нејзините претставници, според нивната разумна одлука, веруваат дека пријавата не соодветствува со условите и правилата на конкурсот.
Пријавите треба да бидат фотографии креирани од страна на учесникот преку фотографска емулзија или добиени дигитално. Со самата пријава, учесникот потврдува дека фотографијата е негово дело. Учесникот дава дозвола на спонзорите да ги репродуцираат сите или дел од пријавените фотографии без никаква надокнада за публикации или/и претставувања во медиумите поврзани со изложбата. Ова вклучува објавување на фотографиите во ниска резолуција на веб страницата на конкурсот. Никаков назив или идентификација на авторот не може да биде видлив било каде на предниот дел на фотографија, печатената форма или монтажата.
INZENDING
Фотографиите треба да бидат во JPEG формат, со димензии 1920x1080 пиксели на 300, JPEG компресија (доколку се користи Adobe Photoshop за експортирање на фотографиите): 7-12, со максимална големина на датотеката од 4 мегабајти. Не е потребно именување на датотеките.
Фотографиите на учесниците можат да бидат прикачени на еден од овие начини:
- со директно прикачување на нашата веб страница
- преку е-маил: [email protected]

[Заштита на податоци] Со учеството во овој конкурс, вие експлицитно давате согласност дека личните податоци што ги имате оставено, вклучително и е-маил адресите, ќе бидат задржани, процесирани и користени од страна на организаторите за цели поврзани со овој конкурс. Со ова давате согласност и прифаќате дека учеството во овој конкурс значи и дека статусот и резултатите од вашето учество може да бидат објавени јавно.

[Услови на учество] Доколку организаторите на конкурсот донесат одлука пред, за време или по жирирањето дека учесникот има прикачено фотографии што не се придржуваат на овие Услови за учество, вклучувајќи ги и наведените дефиниции, натпреварот го задржува правото и дискрецијата да ја избришат пријавата и да избегнат било какво примање или наградување на фотографиите.
За да се осигурат дека фотографиите се во согласност со Условите за учество и со дефинициите, организаторите на изложбата можат да ги спроведат следните проверки:
a) сите фотографии се оригинално дело на учесникот и
b) фотографиите се во согласност со пропозициите и дефинициите како што се прецизирани во Условите за учество.
Ова може да вклучува барање до учесникот да достави оригинални фотографии, со зачувани EXIF податоци, до одредениот рок. Не соодветствуањето на бараните фотографии со оригиналните фотографии ќе се смета за кршење на Пропозициите за учество.
Учесниците автоматски се согласуваат со овие услови преку самиот акт на учество во Изложбата.
IDENTIFICATIE
За учество во овој конкурс учесникот треба да прикачи фотографии во колор или црно-бела техника. Максималниот број на фотографии по секција е 4. Никаков назив или идентификација на учесникот не треба да бидат впишани на предната страна на фотографијата.
Фотографиите треба да бидат испратени во дигитална форма, како датотеки со формат на слика со димензии 1920x1080 пиксели на 300 dpi. На организаторите на конкурсот им е забрането да ги менуваат димензиите на фотографиите испратени од страна на учесниците. Не е потребно никакво именување на датотеките. Максималната големина на датотеката изнесува 4 мегабајти.
JURY
Димитар Чунговски
PRIJZEN
Жири членовите на натпреварот ќе ги доделат следниве награди:
Вкупно 0 награди. Организаторот го задржува правото да го промени бројот на награди, во зависност од вкупниот број на учесници.
DEFINITIES
[ЦРНО-БЕЛА]
Една фотографија се смета за монохром само кога истата дава импресија на немање боја (т.е. содржи само тонови на сива, што може да вклучува чиста црна и бела боја), или ја дава импресијата на сиво-нијансирана фотографија која што е тонирана со една боја низ целата фотографија, како на пример сепија, црвена, златно-жолта и др. Сива или фотографија во боја, модифицирана или што го дава впечатокот дека е модифицарана со парцијално тонирање, мулти-тонирање или преку оделни делови, не ги исполнува условите за монохром фотографија и треба да биде сметана како колор фотографија.
Црно-бела фотографија што во себе вклучува многу темна сива боја (црна) па до многу светла сива боја (бела) е монохроматска фотографија со сите нијанси на сиво.
Црно-бела фотографија тонирана целосно во единствена боја ќе остане монохроматска фотографија со можност да влезе во црно-бела категорија. Од друга страна, црно-бела фотографија модифицирана со делумно тонирање или со додавање на една боја станува колор фотографија (полихром) и е вклучена во категоријата колор.
KENNISGEVING EN CATALOGUS
Сите учесници на конкурсот ќе добијат дигитален каталог од конкурсот за фотографии и сертификат за секоја примена фотографија.
CONTACT
Марина Атанасовиќ
ул. Титова Митровачка бр.2 1300, Куманово, Македонија
е-пошта: [email protected]
веб страна: https://photoclubkumanovo.com/
KALENDER
laatste dag 9 feb 2025
dag voor jurering 23 feb 2025
rapportagedag 2 mrt 2025
levering van catalogus 8 mrt 2025
OVERZICHT
deelnemers 38
foto's 218
staten 1
betaling gratis evenement
AANTAL PATRONATEN
IAAP 2025/012
NPUM 2025/22
SECTIES
Слободна 4 foto's
Жена 4 foto's
JURY
DC
North Macedonia