НАГРАДИ

прочка

цел екран
ФОТОГРАФИИ
78 стигнати фотографии
78 примени фотографии · 100%
УЧЕСНИЦИ
17 пристигнати учесници
17 примени учесници · 100%
Прво место - 5000 мкд и Златен медал Владимир Јовановски (Македонија) · Fearless
Второ место - 3000 мкд и Сребрен медал Димитар Чунговски (Македонија) · прилепски карневал 2
Трето место - 2000 мкд и Бронзен медал Петар Јанкоски (Македонија) · Fox Tamer
  • Прво место - 5000 мкд и Златен медал
  • Второ место - 3000 мкд и Сребрен медал
  • Трето место - 2000 мкд и Бронзен медал

ПРАВИЛА

ОРГАНИЗАТОР
Фото кино клуб „Прилеп“, Национална Фото Унија и Општина Прилеп
СЕКЦИИ
Конкурсот е дигален со една тема:
1. „Прочка 2023“ (колор)
КАЛЕНДАР
Последен ден за прием на фотографии: 12.04.2023
Жирирање: 18.04.2023
Известување: 21.04.2023
Изложба на фотографии
ПЛАЌАЊЕ
Учеството на изложбата е бесплатно. Не е потребен никаков финансиски надомест.
УЧЕСТВО
Овој конкурс е отворен за сите граѓани на Македонија, но, пријавата може да биде одбиена кога организаторите, според нивната разумна одлука, веруваат дека пријавата не соодветствува со условите и правилата на конкурсот.
Фотографиите треба да се креирани од учесникот и да се направени за време на Карневалот „Прочка 2023“ во Прилеп. Со самата пријава, учесникот потврдува дека фотографијата е негово дело.
Учесникот дава дозвола на организаторите да ги репродуцираат сите или дел од пријавените фотографии без никаков надомест за публикации или/и претставувања во медиумите поврзани со изложбата. Ова вклучува објавување на фотографиите во ниска резолуција на веб страницата на конкурсот. Никаков назив или идентификација на авторот не може да биде видлив било каде на предниот дел на фотографија, печатената форма или монтажата.
ПРИЈАВА
Фотографиите треба да бидат испратени во дигитална форма, како датотеки со формат на слика со димензии 1920x1080 пиксели на 300 dpi.
На организаторите на конкурсот им е забрането да ги менуваат димензиите на фотографиите испратени од страна на учесниците. Максималната големина на датотеката изнесува 4 мегабајти. Фотографиите треба да бидат во JPEG формат, со димензии 1920x1080 пиксели на 300, JPEG компресија.
Фотографиите на учесниците треба да бидат директно прикачени на веб страната од конкурсот.
ИДЕНТИФИКАЦИЈА
За учество во овој конкурс учесникот треба да прикачи фотографии во колор техника. Максималниот број на фотографии е 4.
Никаков назив или идентификација на учесникот не треба да бидат впишани на предната страна на фотографијата.
ЖИРИ
Димитар Ристески, НФУ КМФ
Мери Бошкоска, НФУ КМФ
Гоце Бојкоски, Општина Прилеп
НАГРАДИ
За најдобри и најкреативни фотографии стручното жири ќе додели вкупно 6 награди и тоа:
Паричен награден фонд во висина од 10.000,00 денари, обезбеден од Општина Прилеп и три медали обезбедени од Национална Фото Унија:

- Прво место – 5.000,00 денари и златен медал од НФУ
- Второ место – 3.000,00 денари и сребрен медал од НФУ
- Трето место – 2.000,00 денари и бронзен медал од НФУ

За останатите учесници ќе бидат доделени сертификати за учество.

Од пристигнатите фотографии стручното жири ќе направи селекција и најдобрите фотографии ќе бидат дел од изложба која ќе се реализира во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
КОНТАКТ
Димитар Ристески
Адреса: Прилепски Бранители 5/2-2 7500 Прилеп
Е-Маил: [email protected]

Мери Бошкоска
Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 4 7500 Прилеп
Е-маил: [email protected]
КАЛЕНДАР
последен ден 12 апр. 2023 г.
ден за жирирање 19 апр. 2023 г.
ден за известување 26 апр. 2023 г.
доставување на каталог 26 мај 2023 г.
ПРЕГЛЕД
учесници 17
фотографии 78
држави 1
плаќање бесплатен настан
НАГРАДИ
награди 3
БРОЈ НА ПАТРОНАТ
IAAP 2023/132
PRILEP 2023
NPUM 2023/017
FKKPRILEP 2023/01
СЕКЦИИ
Прочка 6 фотографии
ЖИРИ
DR
North Macedonia